Новата дрога „Јелоу зуши“ пристигна и во Албанија

28.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новата дрога „Јелоу зуши“ пристигна и во Албанија

- Оваа дрога се продава по цени што почнуваат од 50 евра за грам, додека нејзиното дејство е многу посилно од обичниот канабис, поради високиот процент на ТХЦ. Специфичноста на дрогата е што и се додаваат ароми на егзотични овошја.

Оваа дрога одамна е присутна во земјите на Европската Унија како што се Италија и Шпанија, каде што се одгледува и тргува, додека во Албанија, таа пристигнува од Тајланд.

На аеродромот во Тирана пред неколку дена беше уапсен 39-годишен албански државјанин, кој пристигнал од Тајланд, откако се обидеч да прошверцува повеќе 19 килограми „Јелоу зуши“.

„Јелоу зуши“ е најновото име на долгата листа на наркотични супстанции кои се користат во Албанија. Некогаш постоеше хашишот од Лазарат, потоа се појавија кристали, таблети, а сега и увезени дроги кои доаѓаат на пазарот како луксузни стоки.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата