Над 1.100 мигранти се сместени во привремениот прифатен центар во градот Ханија на грчкиот остров Крит, по зголемениот број чамци што во изминатите денови пристигнаа и на Крит и на Гавдос, објавија локалните медиуми од островот, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информативните портали од Крит локалните власти предупредуваат дека постои сериозна опасност по јавното здравје, бидејќи мигрантите престојуваат во мизерни услови со два туша и еден тоалет, а климатизацијата не е доволна за толку многу луѓе.
Порталот „Неа Крити“ објави дека градоначалникот на Ханија, Панајотис Симандиракис, кој го посетил делот каде што се привремено сместени мигрантите и рекол дека постои „неверојатна небрежност и недостатокот на координација“ меѓу надлежните министерства, додека заменик-градоначалничката, Елени Зервудаки, истакнала дека ситуацијата е „на работ на опасност“, укажувајќи на сериозни здравствени ризици.
Паралелно, порталот пишува дека само во текот на вчерашниот ден, со осум чамци, во неколку одвоени случаи на малиот остров Гавдос јужно од Крит стигнале над 850 мигранти.
Ситуацијата на Крит и Гавдос потсетува на онаа од почетокот на јули кога исто така имаше зголемен број мигранти од Либија, по што грчката Влада донесен вонреден амандман со кој привремено се суспендира разгледувањето на нови барања за азил на лица од северна Африка, нешто според надлежните донесе резултати и ги намали новите пристигнување, но се до петокот кога одново беа регистрирани голем број чамци по јужната рута.