На изборите во Албанија до 11 часот излезноста е 13,5 отсто, гласаа и Бегај, Рама и Бериша

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На изборите во Албанија до 11 часот излезноста е 13,5 отсто, гласаа и Бегај, Рама и Бериша

Своето гласачко право, го остварија и шефот на државата Бајрам Бегај, премиерот и лидерот на Социјалистите, Еди Рама и на Демократите, Сали Бериша.

-Граѓаните треба да ја изразат својата волја, без притисок и одговорно. Изборните процеси се важни за граѓаните, за земјата, но и за демократијата. Денешниот ден е од особено значење поради фактот што ги отворивме преговорите за членство со Европската Унија, изборите мора да ги исполнат најдобрите стандарди, рече претседателот Бегај.

Во изјава за медиумите, по гласањето, Рама рече дека „единственото нешто што останува не кажано е зборот на народот, па да почекаме и да видиме што ќе каже народот“.

Лидерот на опозицијата Бериша упати апел до граѓаните да „гласаат за себе, за своите деца, за своите пензии и плати, за својата работа, вработување, бизнис, својата фарма. Да гласаат за иднината на своите деца во оваа земја“.

Правото на глас во затворски услови го остварија и поранешниот претседател и лидер на Партијата на слободата Илир Мета и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој претходно најавуваше кандидатура за трет мандат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата