На грчкото пристаниште Игуменица откриена дрога во вредност од над 2,7 милиони евра

30.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На грчкото пристаниште Игуменица откриена дрога во вредност од над 2,7 милиони евра

Со помош на кучето душкач Влад на крајбрежната служба на Грција, на пристаништето во грчкиот град Игуменица, во камион што со траект пристигнал од Италија, биле откриени канабис и кокаин во вредност од над 2,7 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека дрогата била пронајдена во рамките на редовните проверки што ги вршат со цел спречување на увоз и понатамошна трговија со наркотици во земјата.

При таква контрола на пристаништето во Игуменица била откриена дрогата и бил уапсен 52-годишен грчки државјанин.

-По извршена проверка на камион со полуприколка, кој бил истоварен од патнички траект што пристигна од пристаниште во Италија, по укажување од кучето за откривање дрога на крајбрежната служба Влад, беше откриена палета со осум картонски кутии внимателно сместена во легалниот товарен простор, соопштија од крајбрежната служба.

Во осумте картонски кутии имало 30 импровизирани пакети со преработен канабис (хашиш) со вкупна бруто-тежина од 15.190 килограми; 56 херметички затворени пакети со суров канабис (SKUNK), со вкупна бруто-тежина од 60.890 килограми и десет плочи со кокаин со вкупна бруто-тежина од 11.300 килограми.

- Вкупната вредност на запленетите наркотични супстанции е достигнува до 2.749.500 евра, информираа од крајбрежната служба.

Дополнително додадоа дека продолжува истрагата за откривање на оние за кои била наменета дрогата во Грција.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата