На 34-годишна возраст ненадејно почина ќерката на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На 34-годишна возраст ненадејно почина ќерката на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас

Доцна синоќа, на 34-годишна возраст ненадејно почина  ќерката на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, Лена Самара, која била примена во болница и по епилептичен напад, доживеала и срцев удар, а лекарите не успеале да ја вратат во живот.

Ќерката на поранешниот премиер била примена во атинската општа болница „Сисманоглио“, од каде што била префрлена во општата болница „Евангелисмос“, бидејќи во првата не постои клиника за неврологија.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис преку Икс објасни дека „Лена Самара беше целосно и темелно прегледана со сите пропишани тестови во болницата „Сисманоглио“, каде што имаше и невролог кој исто така ја прегледа нормално“ и додаде дека со оглед на тоа што неврологот сметал дека е потребен понатамошен преглед, побарал девојката да биде префрлена на Невролошката клиника во „Евангелисмос“, бидејќи во првата болница нема Невролошка клиника.

- Затоа беше префрлена во „Евангелисмос“ и од едната болница во другата беше пренесена со целосна безбедност. За жал, доживеа срцев удар во болницата, напиша Георгиадис.

Ќерката на Самарас, дипломирала на градежниот факултет во Лондон и ретко се појавуваше во јавноста.

Пораки со сочувство до Самарас за загубата на неговата ќерка упати целиот политички свет во Грција - премиерот и претседателот, министри од Владата, лидерите на сите опозициски партии, поранешни грчки премиери, пратеници и сл.

Андонис Самарас во периодот од 2012 до 2105 година беше премиер на Грција, а во ноември минатата година беше исклучен од владејачката Нова демократија. /МИА.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата