Млада Германка си играла со живот на Скијатос- ја издувал авион, едвај останала жива (ВИДЕО)

9.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Млада Германка си играла со живот на Скијатос- ја издувал авион, едвај останала жива (ВИДЕО)

Една од нив падна на пистата и се здоби со сериозни повреди, објавија грчките медиуми.

Според Skiathoslife.gr, младата Германка е повредена и добила прва помош во здравствен центар.

Германката буквално била однесена од издувните гасови на авионот кој штотуку полетал, по што пријателите и минувачите ѝ притрчале на помош, бидејќи по само 10 минути друг авион полетал од познатиот аеродром.

Многумина го гледаат полетувањето и слетувањето на авионите од блиску, како што е случајот на аеродромот на Скијатос, како возбудливо искуство, но сепак претставува опасност за луѓето.

Туристите продолжуваат со опасната навика

Се чини дека оваа година, туристите на Скијатос ја продолжиле опасната навика да стојат веднаш зад опашката на авионот на работ на пистата за време на полетувањето, со што го гледаат, чувствуваат и доживуваат потисокот на турбините.

Штом авионот ќе ги запали моторите за да започне полетувањето, воздухот што излегува од турбините влече некои луѓе заедно со себе, додека други ги фрла во спротивна насока. Ова е нешто што е навистина опасно, што властите го забранија, но туристите сè уште го прават тоа, забележува Прототема.

За време на полетувањето, турбините на авионот произведуваат огромен потисок и исклучително силна воздушна струја, што може:

• силно да повлече луѓе и предмети,

• да предизвика падови, повреди или дури и сериозни несреќи,

• да фрла чакал, песок и други честички со голема брзина, предизвикувајќи повреди на очите или лицето,

• да предизвика оштетување на возилата или личните предмети.

Грчките медиуми нагласуваат дека областа зад авионот за време на полетувањето НЕ Е туристичка атракција - тоа е зона со висок ризик. Иако многу луѓе се приближуваат до местото за да фотографираат или снимаат видеа, сепак е потребно да се следат безбедносните мерки и предупредувања.

„Ве молиме следете ги безбедносните знаци и упатства. Не ризикувајте ја вашата безбедност за фотографија или селфи“, повикуваат властите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата