Како што објави „Прототема“, на снимката се гледа дивиот ѕвер како шета низ училишниот двор во потрага по храна.
Побегнала во непознат правец
Откако забележала луѓе, мечката избегала во непознат правец.
Грчкиот весник наведува дека училиштето било затворено во тоа време поради одморите и потсетува дека ова не е прв пат мечките да се појавуваат во населени места во тој дел од земјата.
Се наведува дека оваа информација предизвикала загриженост кај локалните жители.