Легендата на светската кошарка, Владе Дивац итно опериран!

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендата на светската кошарка, Владе Дивац итно опериран!

Како што објавуваат српските медиуми, Диванц бил опериран и му бил поставен вештачки колк.

Инаку, славниот кошаркар се повредил паѓајќи  од својот мотор во близина на Луштица и во таа прилика, како што објави српски Информер, доживеал скршеница на колкот.

По сообраќајната несреќа, тој не можел да стои, а сега му е поставен вештачки колк.

Поради тоа Дивац бил итно хоспитализиран и со брза реакција, навреме се спречени посериозни проблеми, а на поранешниот НБА ас му е вграден вештачки колк.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата