Лавров: Русија и Србија се договорија заеднички да работат за да се избегне штетата кон НИС

17.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавров: Русија и Србија се договорија заеднички да работат за да се избегне штетата кон НИС

- Денес сме соочени со ситуација кога оние кои се навикнати на нелојална конкуренција се обидуваат да го попречат нашето заедничко вложување НИС со санкции. Тоа е водечка компанија во српската економија, буквално е принудена да се откаже од соработката со рускиот инвеститор и во таа насока се договоривме со нашите српски пријатели да продолжиме да работиме заедно за да ја спречиме штета на нашите заеднички интереси, посочи Лавров по средбата со српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во Москва.

Лавров додаде дека со Ѓуриќ детално разговарал за состојбите во областа на енергетската соработка истакнувајќи оти Русија е најголемиот снабдувач на природен гас за Србија и обезбедува до 85 отсто од побарувачката.

- Ние никого не измамивме, таа енергија секако им ја дававме на нашите српски пријатели, истакна Лавров.

Тој додаде дека правната и заемно корисна соработка меѓу Србија и Русија не им се допаѓа на одредени западни сили, кои се обидуваат да ја променат својата позиција на пазарот користејќи „нефер методи на конкурентска борба“.

- Во суштина, продолжува она што веќе го видовме во повеќето земји на Европска Унија, каде што евтиниот, достапен и безбеден руски гас се исфрла со цел да се замени со американски течен гас по многу повисоки цени. Дури и самите европски лидери почнуваат да зборуваат за тоа, наведе Лавров.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата