Консултативен референдум во Словенија за зголемените трошоци за НАТО

5.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Консултативен референдум во Словенија за зголемените трошоци за НАТО

Народното собрание вчера, со изненадувачки гласови од 46 наспроти 42, го одобри предлогот на левицата за одржување консултативен референдум за зголемување на трошоците за одбрана

Владината коалиција се подели откако Движењето за слобода на Голоб, гласаше против предлогот, додека помладите партнери се придружија на конзервативната опозиција во поддршка на референдумско изјаснување, објави словенечката агенција СТА.

Предлогот ќе биде официјално поднесен следната недела.

Прашањето што ќе им биде поставено на грашаните ке гласи  „Дали сте за тоа Република Словенија да ги зголеми трошоците за одбрана на таков начин што тие ќе достигнат 3% од бруто домашниот производ годишно до 2030 година, што е приближно 2,1 милијарди евра“.

Левицата,која е коалициски партнер и се противи на повисоките трошоци за одбрана и е против членството на Словенија во НАТО, побара референдум откако Народното собрание усвои декларација со која се утврдува дека трошоците за одбрана ќе се зголемат на 2% од БДП годинава, и  на 3% од БДП до 2030 година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата