Благодарение на брзата реакција на државата, хуманитарните организации и поединци како Митровиќ, семејствата на жртвите и повредените од дискотеката на „Смртта“ во Кочани сега знаат дека не се сами во овие тешки моменти.
По страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 лица, а повеќе 150 лица беа повредени, државата Србија веднаш реагираше и организираше прием на тешко повредените во своите здравствени установи.
Во исто време, на социјалните мрежи започна акција во која луѓето од целиот регион почнаа да нудат сместување и помош на семејствата на жртвите и повредените. Оваа иницијатива брзо доби поддршка од македонските власти и Црвениот крст, со што уште еднаш се потврди колку е клучна солидарноста во моменти на голема трагедија.
На оваа иницијатива се приклучи и сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, кој понуди сместување со неограничен капацитет и храна за семејствата и придружниците на повредените кои се згрижени во Србија.
Дополнително, обезбедена е финансиска помош за оние на кои им е потребна, а поддршката ќе биде достапна онолку колку што е потребна за секој што сака да биде со своите најблиски за време на лекувањето.
Членовите на семејствата и сопатниците на повредените кои се заинтересирани за ваков вид помош можат да се јават на +381640150293.