Хорор на Евија: Дедо го повикал новиот сопственик на неговата куќа, па три пати пукал во него

9.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хорор на Евија: Дедо го повикал новиот сопственик на неговата куќа, па три пати пукал во него

Сега се појавија нови шокантни детали од хоророт што се случи во вторникот вечерта, објави Прототема.

Според грчките медиуми, осомничениот наводно трипати пукал во жртвата од зад грб. Еден куршум го погодил во главата, додека другите два го погодиле во грбот.

Убиството е извршено со пиштол кој осомничениот го поседувал нелегално, но засега не се знае како го набавил. Се чини дека тој се вооружил откако ја изгубил својата куќа на аукција поради финансиски долгови.

Евија во шок по убиството

Нов сопственик на куќата на Евија бил 50-годишен маж, кој му ја дал куќата на осомничениот на привремен престој. Според близок пријател на жртвата, 50-годишникот и насилникот потпишале приватен договор 75-годишникот да остане во куќата до мај, а потоа да си замине.

На денот на убиството, новиот сопственик на куќата наводно отишол во неговата куќа на негова покана.

Кога новиот сопственик отишол да ја отвори вратата од гаражата, сторителот застанал зад него, извадил револвер и трипати пукал во него, при што смртно го ранил. После тоа, тој го свртел пиштолот кон себе и се самоубил. Неговата сестра била во куќата за време на злосторството, слушнала врескање и била сведок на ужасната сцена.

Според информациите, 75-годишникот напишал писмо во кое раскажува за тешкотиите со кои се соочува и за работите кои емоционално го погодиле. Затоа, врз основа на оваа белешка, властите истражуваат дали тој неодамна размислувал да стави крај на својот живот.

Братот на жртвата рече дека ја купил куќата на аукција.

„Денеска поранешниот сопственик го повика за да му ги даде клучевите. Кога брат ми стигна таму, насилникот го застрела. Колку што знам, брат ми никогаш претходно не разговарал со него, првпат се сретнале“, рекол братот на жртвата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата