Капетан на брод се удави во Скадарско Езеро спасувајќи двајца туристи

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Капетан на брод се удави во Скадарско Езеро спасувајќи двајца туристи

-Капетанот на туристичкиот брод, сопственост  на општина Скадар, 51-годишниот Арбен Аламани, се удавил при спасување двајца туристи кои паднале во езерската вода и почнале да се дават. Туристите се спасени и се во добра здравствена состојба, објавија медиумите.

Полициските служби веднаш излегоа на местото на настанот, а потрагата по телото на Аламани продолжи и денеска. Истражниот тим продолжува да работи на целосно расветлување на околностите на инцидентот.

-Општина Скадар загуби еден од своите најпосветени луѓе. Чин на хуманост, но за жал со тажен крај.  Арбен секогаш беше во служба на посетителите и туристите, придонесувајќи со страст и посветеност до последниот момент од својот живот, стои меѓу другото во објавата на општина Скадар.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата