Истражување на Испос: Србите најмногу се плашат од болест, смрт, Господ, па се до промаја и инвазија на вонземјани

3.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражување на Испос: Србите најмногу се плашат од болест, смрт, Господ, па се до промаја и инвазија на вонземјани

Кога биле прашани од што најмногу се плашат во животот, испитаниците можеле да дадат максимум три одговори, а истражувањето покажува кои биле нивните први одговори.

Повеќето од нив, 18 проценти, одговориле дека се плашат од болест, 14 проценти не дале никаков одговор, 9 проценти од испитаниците изјавиле дека не се плашат од ништо, 8 проценти од војна, 7 проценти од Господ, 5 проценти од актуелните настани, 4 проценти од иднината и безбедноста на семејството/децата.

Три проценти од испитаниците подеднакво се плашат од смртта, висината и болест во семејството (децата). Најмалку од нив рекле дека се плашат од змии и сиромаштија, само два процента испитаници.

Природните катастрофи (земјотреси, поплави, пожари) се причина за страв кај 4 проценти од испитаниците, покажува ова истражување.

Кога на испитаниците им бил понуден список на потенцијални стравови, војната и болестите водат, но изненадувачки е, според Ипсос, и - „животот без љубов“.

Следат стравовите од инфлација и сиромаштија, потоа стравот од осаменост и долгови.

Од „промаја“ се плаши од дури 21 процент од српската јавност, од смрт - 18 проценти, од владата/државата од 15 проценти, од животот без телевизија од 13 проценти, без интернет 12 проценти, од отпуштањето од работа 9 проценти, од инвазија на вонземјани - 8 проценти и од полицијата од 4 проценти.

Кога станува збор за различни демографски групи, најмногу се издвојуваат стравовите на жените од војна, болести, инфлација, сиромаштија, долгови и инвазија на вонземјани. Младите најмногу се плашат од смртта, животот без интернет и височина, додека луѓето над 65 години најмногу се плашат од инфлацијата, сиромаштијата, животот без телевизија, инвазија на вонземјани и полиција. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата