ИНСТАТ: Во Албанија за пет месеци престојувале 3,4 милиони странци, но и Албанците ги зголемуваат посетите во странство

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИНСТАТ: Во Албанија за пет месеци престојувале 3,4 милиони странци, но и Албанците ги зголемуваат посетите во странство

Вкупниот број за пет месеци годинава достигна 3,4 милиони туристи, што е за 100 илјади повеќе споредено со истиот период минатата година, кога за пет месеци ја посетиле 3,3 милиони туристи или 38 отсто повеќе од истиот период 2023 година.

„Во мај 2025 година, 95 отсто од странските државјани што влегуваат во Албанија се од европскиот регион, при што Јужна Европа учествува со 72 отсто, по што следува Западна Европа со 14 отсто. Исто така, има значителен број и од Африка, Азија и Америка. Сепак, бранот туристи, кој започна на почетокот на оваа година, се намалил со влегувањето во екот на туристичката сезона. Од успешните јануари, февруари, март и април, растот во мај е побавен, наведува Институтот.

Според истиот извор целта на влегувањето на албанска територија на странски државјани, во 98 отсто од случаите, е за лични цели, каде што доминираат одмор, посети на роднини итн. Исто така, има странци кои доаѓаат од деловни, професионални и здравствени потреби.

-Од друга страна, албанските граѓани не престанаа да одат во странство, на одмор, дури и поради бизнис. Во мај 689.145 албански државјани отпатувале надвор од Албанија, што претставува зголемување од 8,9 отсто во споредба со мај 2024 година, наведува Институтот.

Во Албанија во првите четири месеци од годинава престојувале 2,45 милиони, наспроти 2,33 милиони минатата, односно 1,68 милиони туристи во 2023 година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата