Протестот, втор по масакрот во Цетиње, го организира неформалната студентска група „Камо шјутра“, а покрај барањата за оставка од министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот задолжен за безбедност Алекса Бечиќ, тие исто така бараат поажуриран пристап кон поседувањето оружје, реформа на полициските структури, враќање на граѓанското образование и подобрување на институционалниот пристап до грижа за менталното здравје, објави Индекс.
Podgorica ✨️ pic.twitter.com/mNIFsAkV2M
— Kaća Ivanović 🇲🇪 (@Kaca__Ivanovic) January 16, 2025
Демонстрантите извикуваа „убијци“ и носеа транспаренти „Оставка е минимална одговорност“, „Нормален живот?“ итн.
Протестот претходно го поддржаа стотина универзитетски професори, културни и спортски работници и новинари.
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) January 16, 2025
Откако ги изнесоа своите барања пред МВР, демонстрантите се упатија кон зградата на црногорската влада каде повикаа на 13 минути молк во знак на почит за 13-те жртви од трагедијата во Цетиње.
Ацо Мартиновиќ од Цетиње на 1 јануари уби 12 лица, меѓу кои две деца, а тешко повреди четири лица, а едно подоцна почина во болница.
Podgorica koju volim(o). pic.twitter.com/vfLd0RW1vA
— Milan Jovanović (@imilanjovanovic) January 16, 2025
По првиот протест организиран од оваа студентска група пред десетина дена, дел од црногорската влада се обиде да ги претстави како продолжена рака на мафијата и опозицијата, иако ова студентско движење претходно се огради од сите политички партии.
Студентите беа жестоко нападнати и на социјалните мрежи од партиски структури, што предизвика дополнителен револт кај граѓаните на Црна Гора, но и кај опозицијата, која актуелната црногорска влада ја спореди со власта во Србија.
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) January 16, 2025
Студентите беа поканети на средба од црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, но тие одбија со образложение дека нивните барања се јасни и дека не сакаат да преговараат за нив.