Босанец исчезнал на меден месец во Истанбул, го пронашле по 20 дена

17.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Босанец исчезнал на меден месец во Истанбул, го пронашле по 20 дена

Станува збор за Енвер Буриќ од Високо, пишува Klix.ba.

Тој бил на меден месец со сопругата Санела, а таа го пријавила како исчезнат на 30 декември откако не можела да го пронајде повеќе од 24 часа. Таа допрела до јавноста преку неколку групи на Фејсбук, но не добила корисни информации.

„Ве молам помогнете, ако некој може да ми помогне. На 24 декември 2024 година со сопругот се вративме од меден месец во Дубаи. На 24 декември требаше да се префрлиме со авион за Сараево, но решивме да останеме во Истанбул за да ги поминеме новогодишните празници. Сепак, мојот сопруг последен пат го видов на 29. 12. 2024 година во Истанбул, напишала Санела во објавата.

„Наместо да се вратам на 1 јануари 2025 година, заедно со мојот сопруг, останав до 5 јануари 2025 година, со надеж дека ќе биде пронајден. Денеска е 19-ти ден откако исчезна мојот сопруг. Целосно сум очајна. Во контакт сум со амбасадата на БиХ во Истанбул, но секој ден го слушам истото: „Ако полицијата пријави нешто, ќе ве известиме“, ми велат. Замислете, да одите на меден месец пресреќна и да се вратите сама без мажот.“

„Очајна сум, болна, ве молам дајте ми какви било информации, упатства, не знам веќе што да правам. Ве молам, помогнете. Мојот сопруг се вика Буриќ Енвер, од Високо. Последен пат е виден облечен во црн дуксер, црна маица, црни патики, црна јакна и зелен ранец. Ќе истакнам, исчезна без ниту една лира. Ве молам, помогнете, сите инструкции, совети итн. би биле корисни. Однапред ви благодарам. Ве молам“, објави Санела на Фејсбук.

Исчезнувањето било пријавено во полиција во Истанбул, а известени се и Генералниот конзулат на БиХ во Истанбул, како и Амбасадата на БиХ во Анкара. По неколкудневна потрага во Истанбул, сопругата се вратила во БиХ и случајот го пријавила во полицијата во Високо.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, Самир Валентиќ, за медиумите изјавил дека Санела Буриќ денеска се јавила во полиција и ја известила дека Амбасадата на БиХ во Анкара ја известила дека Енвер е пронајден. „Тој моментално се наоѓа во центар за депортација и наскоро ќе замине во БиХ“, рече Валентиќ. Засега не се познати околностите на исчезнувањето.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата