Големо невреме во Сплит: Траект удри во два брода, еден потона, улиците под вода

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Големо невреме во Сплит: Траект удри во два брода, еден потона, улиците под вода

Небото нагло се затемни, врнежите беа интензивни, придружени со грмежи и силен ветер што уриваше дрвја и гранки, превртуваше контејнери и оштетуваше објекти. Според порталот „Далмација Данас“, од некои згради паднале делови од фасади и лимени конструкции.

Делови од поширокото градско подрачје останаа без електрична енергија, а сообраќајот на повеќе локации беше целосно блокиран поради поплави и затнати одводи. Драматични снимки покажуваат автомобили кои „пловат“ низ улиците и пешаци кои бегаат пред надојдените води.

Особено тешка ситуација имаше во сплитското пристаниште за траекти, каде што траект удри во два брода. Едниот од нив потона, потврди директорот на Пристанишната управа Сплит, Вице Михановиќ.

„Поради силниот ветер се скинаа јажето со кое траектот беше врзан, по што тој се одвои од кејот и почна неконтролирано да плута низ пристаништето. Прво удри во катамаран ‘Крило’, а потоа и во туристички излетнички брод, кој во моментов тоне“, изјави Михановиќ за Тпортал. 

 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата