Голем пожар на Халкидики, на туристите им стигнале пораки итно да се евакуираат- се гаси со 8 авиони (ВИДЕО)

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем пожар на Халкидики, на туристите им стигнале пораки итно да се евакуираат- се гаси со 8 авиони (ВИДЕО)

Голем број пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот на Халкидики, а жителите и туристите добија итни пораки со повик за евакуација, објави Телеграф.

На местото на настанот има 65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима. Големината на пожарот се потврдува со фактот дека осум авиони и еден хеликоптер помагаат од воздух.

 
 

Пред неколку моменти, преку бројот 112 била испратена порака, со која се повикуваат сите во близина да се оддалечат кон Никити, а патот од Ормос Панагиас до Вурвуру е исто така затворен.

„Доколку сте во областа, оддалечете се кон Никити, следете ги упатствата на властите“, се наведува во пораката, како што објави Прототема.

Информацијата објавена од Службата за заштита од шумски пожари во Лавреотики на Фејсбук наведува дека пожарот гори во близина на камп што се наоѓа во областа.

Силните југоисточни ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата