Пожарот, кој избувнал околу 3 часот наутро во борова шума, бил разгорен од силен ветер, што овозможил огнот да се приближи опасно близу до повеќе објекти, вклучувајќи приватни и туристички капацитети.
- Успеавме да евакуираме еден хотел и еден камп без сериозни последици, изјави Никола Мартиновиќ, командир на оперативниот регион Брач.
На терен се ангажирани 56 пожарникари со 22 противпожарни возила од регионот, како и противпожарен авион „Канадер“. Според Мартиновиќ, пожарот е ставен под контрола, но силната бура сè уште создава предизвици за пожарникарите. Тој додаде дека екипите ќе продолжат со гаснењето на пожарот во текот на денот, а веројатно и во текот на ноќта.