Додик тврди дека Велика Британија планира депортација на мигранти во Западен Балкан

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додик тврди дека Велика Британија планира депортација на мигранти во Западен Балкан

 Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека во наредните денови ќе достави информација до Народното собрание на Република Српска за да се заземе став за наводните намери на Велика Британија да депортира мигранти во земјите од Западен Балкан, пренесе Раша Тудеј.

Додик истакна дека е очигледно оти „некои луѓе на ниво на Босна и Херцеговина, пред сè муслимани“, како и опозицијата од Република Српска, се запознаени со овие планови. - Ќе испратам информација до Народното собрание за да се утврдат ставовите на Република Српска по ова прашање. Сè е тоа несоодветно. Велика Британија, и не само таа, туку и ЕУ, го сакаат тоа. Го слушнавте новиот германски канцелар, кој вели дека треба да се реши прашањето со мигрантите. Како што гледате, мигрантите се проблем и во САД, рече Додик.

Тој нагласи дека Република Српска нема да даде согласност за какви било договори за мигрантите. - Тие овде се непотребни и непожелни на тој начин. Ова нема врска со верски, расни, етнички или национални пристапи, туку со зачувување на безбедносниот систем, заклучи Додик.

Според него, изјавите на британскиот министер за надворешни работи, кој изразил желба за соработка со БиХ во областа на културата, туризмот и решавањето на мигрантските прашања, јасно укажуваат на намерите на Лондон. - Зар има поголем доказ од тоа што премиерот на Велика Британија рече дека сака да испрати во БиХ мигранти кои не добиле азил, како и лица кои ги прекршиле законите во таа земја и се осудени на затворски казни?, додаде Додик, истакнувајќи дека опозицијата во Република Српска служи само како „декор“ во овие дискусии.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата