Се наведува дека нема информации за повредени. Силната детонација ги вознемирила жителите на населбата, кои во страв ги напуштиле своите домови, објави Телеграф.
Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон соопшти дека случајот е пријавен синоќа во 2:40 часот наутро, и дека повеќе информации ќе бидат познати откако ќе заврши истрагата. Голем број полицајци веднаш биле испратени на местото на настанот.
Мотивот и околностите на овој напад засега се непознати.