Десетици приведени и повредени по синоќешниот протест во Белград- Вучиќ: Србија победи

29.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десетици приведени и повредени по синоќешниот протест во Белград- Вучиќ: Србија победи

Камења и палки од една, солзавец од друга страна. Белград ја преживеа пеколната ноќ, за среќа без жртви како што рече, српскиот претседател Вучиќ, по судрите кои избија по студентскиот протест и повиците за насилства.

Протестот на кој според организаторите присуствувале 140 илјади граѓани а според полицијата само 36 илјади започна уште во 18 часот а кулминацијата на насилството се случи околу 22 часот откако наводно се слушнал глас земете ја слободата во свои раце, имате зелено светло.

Ова во своето денешно обраќање до нацијата го потенцираше претседателот на Србија Вучиќ кој побара надлежните обвинителства ова да го разгледаат и процесуираат како отворен повик за насилство за што мора да има одговорност за што најави дека во перидот кој следи ќе има и нови апсења. Зарем навистина мислеа дека се посилни од државата, праша Вучиќ.

Во судирите се повредени 48 полицајци од кој еден со тешки телесни повреди.

Брзатата помош пристината за интервенција за момент сакаа демонстратите да ја искористат за го пробијат кордонот на што одговри полицијата.

Од демонстратите кои се судрија со полицијата 22 лица побарале лекараска помош, две лица биле со тешки телесни повреди а едно од нив е задржано на лакување.

При акцијата на полицијат приведени се 38 лица, а против 35 ќе бидат поднесени кривични пријави.

Пред протестот студентите испорачаа две барања, распишување предвремени парламентарни избори и отстранување на Пионерскиот парк, каде со месеци кампуваат студенти поддржувачи на Вучиќ.

Нивните поддржува вчера одржаа паралелен протест пред српското собрание, а претседателот Вучиќ објави фотографија како игра шах, со порака дека се чувствува релаксиран.  

Протестите на студентите траат веќе седум месеци, а беа иницирани по трагедијата кога 16 лица загинаа при уривање на настрешницата од железничката станица во Нови Сад. Демонстрантите со месеци ја обвинуваат државата дека корупцијата била причина за трагедијата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата