Песокот во комбинација со високите температури и повремени дождови го отежнуваат дишењето и секојдневните активности.
Администрацијата за цивилна заштита на регионот Крит апелираше до граѓаните да избегнуваат излегување, особено постарите лица, децата и сите со срцеви или респираторни проблеми. Според метеоролозите, оваа ситуација би можела да трае до недела навечер, кога се очекува да ослабнат југоисточните ветрови што носат прашина од Северна Африка кон грчките острови.
Η μέρα σήμερα στο #ηρακλειο dune γίναμε και όταν έβρεξε.... έβρεξε λάσπη pic.twitter.com/qj7IEeZDPF
— imitr3los (@imitr3los) May 25, 2025
21 килограм сахарска прашина на 1000 квадратни метри
Вчера наутро, жителите на Ираклион ги најдоа улиците и возилата покриени со дебел слој прашина. Како што пишува грчкиот портал Creta24.gr, Калуст Парагамијан, директор на Институтот за спелеолошки истражувања на Грција, пресметал дека само во недела, на 25 мај, околу 21 килограм сахарска прашина паднале на 1000 квадратни метри во областа на Хераклион.
Во објава на социјалните мрежи, Парагамијан напиша: „Со метење на плочките пред лабораторијата, собравме 250 грама прашина од површина од 12 квадратни метри. Ова значи дека вчера во Хераклион, приближно 21 килограм прашина паднале на 1000 квадратни метри!“
Покрај тоа, тој сподели фотографија од честички прашина направени со стереоскоп со зголемување од 45 пати, на која јасно се видливи сложени микроструктури. Ваквите мали честички, предупредуваат експертите, лесно продираат длабоко во белите дробови и можат да ја влошат здравствената состојба, особено кај чувствителните групи.
„Пустински пејзаж“
Вчера, небото сè уште имаше жолтеникаво-портокалова нијанса. Иако е позната појавата на сахарска прашина над Медитеранот, овој вид густина и количина над Крит ретко се забележува.
Αεροδρόμιο Ηρακλείου πριν λίγο. Είναι το δρομολόγιο Μάλια - Ηράκλειο. Το λεωφορείο έγινε έτσι από λασποβροχη. Έχω ταραχτεί. pic.twitter.com/TvSzF3CpEk
— Less is More (@not_least) May 25, 2025
Многу жители ја опишаа сцената како „пустински пејзаж“ и „воздухот може да се сече со нож“. Властите ја следат ситуацијата и им советуваат на граѓаните да останат во затворен простор, да користат прочистувачи на воздух доколку ги имаат и да носат заштитни маски доколку мора да излезат надвор.