Во него меѓудругото предвидува укинување на државјанството на БиХ, на потпретседателите на од редовите на Хрватите и Бошњаците, како и на Советот на народите кој е гарант на рамноправноста на припадниците на трите народи. Се нагласува и дека Бања Лука, а не Сараево е главен град, но и дека законите на федерално ниво се ништовни на територијата на Република Српска. Сепак, клучен е членот 9 во кој покрај правото на самоопределување, се дава и можност за стапување во идни сојузи со други држави.
-Со новиот устав Република Српска е дефинирана како суверен, уставно правен субјект кој е производ на волјата на народот изразена на избори и референдум. Со новиот устав е исполнет и со факти како тие дека главен град на Република Српска е Бања Лука која навистина претставува политички, економски и културен центар на нашата Република. Предвидено е дека Република Српска суверено одлучува со своите овластувања и има право со слободна волја да може излезе од договорот на ниво на Босна и Херцеговина со кој се вршеше пренос на надлежностите,- - Јелена Пајиќ Баштинац – Генерален секретар на претседателот на Република Српска.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик кој е и предлагач на новиот устав, не беше конкретен дали со новиот устав ќе излезат од БиХ, но посочи дека кога тоа ќе се случи порано или подоцна. Според него, федерацијата таква каква што е непотребна и во најмала рака треба да се промени.
-Босна и Херцеговина е непотреба и таа треба во најмала рака да биде редизајнирана ако некој сака, ако не, ние во склоп на тоа што е Дејтонски договор ќе знаеме како да ја одбраниме нашата Дејтонска позиција и на тој начин секако да ја водиме нашата одговорна политика. / Има време, ние точно се договоривме кога ќе излеземе (од институциите на БиХ). Точно. / Значи ќе излеземе еден ден, и тоа кога ќе си одиме, нема никогаш да се вратиме,- - Милорад Додик – Претседател на Република Српска.
Додик минатиот месец доби една година затвор и шест месеци забрана за вршење на функцијата од судот на БиХ во Сараево поради непочитување на одлуките на високите претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмид. Иако неговиот адвокат најави жалба на пресудата, Додик порача дека не го признава судот и институциите на БиХ кои пак денеска издадоа наредба тој да биде доведен на распит за поткопување на уставниот поредок. Одлуката за промена на уставот на Република Српска беше меѓу главните теми и на вчерашната седницата на Европскиот Паррламент, а беше осудена од високиот претставник Шмид, но и неколку американски конгресмени кои најавија и писмо до државниот секретар Марко Рубио.