Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Дачиќ: Денеска е ден на срамот за парламентарното собрание на Советот на Европа

16 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави вечерва, откако Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја усвои препораката за Косово да му се одобри да стане членка на Советот на Европа, дека денеска е ден на срамот во ПССЕ, бидејќи за прв пат во историјата, како што истакна, членство се дава на нешто што не е држава, а кое не исполнува се препорачани основните услови во доменот на човековите права и слободи, објави Телеграф.

„Денес е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа. За прв пат во историјата се препорачува членство на нешто што не е држава, а кое не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи“, рече Дачиќ, соопшти МНР.

Тој посочи дека 11 години Приштина одбива да формира Заедница на српски општини, што е нивна меѓународна обврска, како и да спроведува политика на терор против српскиот народ и етничко чистење.

Со оваа одлука, наметната од силата на меѓународните сили, тие ги поткопаа самите основи на Советот на Европа и меѓународниот правен поредок, нагласи Дачиќ.

„За кој принцип на заштита на територијалниот интегритет ќе продолжат да зборуваат, кога го нарушија територијалниот интегритет на Србија? Ќе ја продолжиме нашата борба со сите сили, ќе се бориме оваа одлука да не биде донесена на Комитетот на министри на 16 мај. И ќе ја видиме вредноста на зборот на меѓународната заедница што му го дадоа на претседателот Александар Вучиќ дека Косово нема да биде примено во Советот на Европа додека не ја формира Заедницата на српските општини. Дали тоа повторно ќе биде лага“, праша шефот на српската дипломатија.

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вечерва го усвои нацрт-извештајот на известувачот за Косово Доре Бакојани, во која се препорачува на  Косово да му е одобрено да стане членка на Советот на Европа.

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член на ПС СЕ, 29 беа против, а 11 беа воздржани.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ