Бугарскиот пратеник Кирил Петков поднесе оставка

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарскиот пратеник Кирил Петков поднесе оставка

Претходно Петков на Фејсбук (Facebook) објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски позиции во септември, кога партијата Продолжуваме со промената ќе избере ново раководство на Генералното собрание.

Тој додаде дека ќе остане член на партијата и ќе има средби со граѓаните „не како нивен лидер туку како еден од нив“.

Петков минатата недела најави повлекување од функцијата копретседател на Народна партија и оти ќе поднесе оставка како пратеник, преземајќи одговорност за партиските кадри чии имиња беа вмешани во корупциски скандал.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата