Бугарскиот Патријарх г.г. Даниил изрази сочувство за трагедијата во Кочани

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарскиот Патријарх г.г. Даниил  изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Бугарскиот патријарх г.г. Даниил, вчера остварил телефонски разговор со архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во кој поглаварот на Бугарската православна црква изразил најискрено сочувство по повод трагичниот настан во Кочани во кој загинаа над 50 лица, а над 150 се повредени.

- Патријархот Даниил го увери својот брат дека православните христијани во Бугарија се молат со сето свое срце за упокојување на душите на починатите, за утеха на нивните најблиски и за брзо закрепнување на сите повредени. Болката и страдањето што во овој момент ги доживуваат нашите браќа и сестри од Македонија се во исто време и наша болка и наше страдање, истакнал бугарскиот патријарх, соопшти Бугарската патријаршија.

Архиепископот Стефан, се посочува, им се заблагодарил на православните христијани од братската Бугарска православна црква за нивното сочувство и молитви во овој трагичен момент за цела Македонија.

- Нека преку молитвите на нашиот небесен заштитник и посредник, Пресвета Богородица Богородица, Господ наш Исус Христос им подари благодатна сила, храброст, вера и надеж на нашите браќа и сестри Македонци во ова страшно искушение, стои во соопштението.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата