Брнабиќ: Нема да има контрамитинг на Видовден

16.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брнабиќ: Нема да има контрамитинг на Видовден

Брнабиќ за телевизијата Пинк изјави дека слушнала многупати дека СНС ќе одржи некаков контра-митинг, но изјави дека никогаш немала таков и дека никогаш нема да се одржи.

„Нема да има контра-митинг, но од друга страна, јас, како претставник на законодавната власт, морам да кажам дека нема да биде дозволено никој да напаѓа други луѓе, студенти, млади луѓе кои само сакаат да учат и да се образуваат. Напади врз нив нема да бидат дозволени“, рече таа.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како што додаде, ќе даде соопштение по повод овој настан утре на Радио-телевизија на Србија.

Потпретседателката на Народното собрание, Марина Рагуш, претходно изјави дека ќе има митинг на Движењето за надорот и државата и дека „граѓаните не треба да се грижат“ бидејќи според неа,  собирите ќе бидат одвоени.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата