Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со протестот

14.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со протестот

„Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади. Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во областите во близина на државните институции и седиштето на јавниот сервис на РТС“, се наведува во известувањето за американските граѓани објавено на веб-страницата на амбасадата.

Се додава дека српската полиција очекува голема гужва, сообраќаен метеж, затворање на јавните служби и сериозни последици за основните услуги, вклучително и итна медицинска помош, како и можни прекини во мобилната телефонија, додека владата предупредува дека е можно насилство

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата