Албанскиот парламент го потврди четвртиот мандат на Еди Рама: Целта ми е членство во ЕУ до 2030.

18.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албанскиот парламент го потврди четвртиот мандат на Еди Рама: Целта ми е членство во ЕУ до 2030.

Рама, единствениот кандидат за премиер, доби поддршка од 82 од 140 пратеници, објави Ројтерс.

Неговата Социјалистичка партија освои четврто последователно мнозинство на парламентарните избори одржани во мај.

„Албанија 2030 во ЕУ е централен дел од овој мандат. Европска Албанија е водечки принцип за секој аспект од нашата програма и метроном за ритамот на секоја реформа“, им рече Рама на пратениците.

Како што објави Ројтерс, угледот на Албанија е нарушен од корупциски скандали, а аналитичарите предупредуваат дека земјата останува „центар за криминални групи кои перат пари од трговија со дрога и оружје, што го отежнува пристапувањето во ЕУ“.

Во обид да одговори на критиките, Рама минатата недела назначи бот генериран од вештачка интелигенција по име Диела, што значи „Сонце“, да управува и доделува јавни тендери на приватни компании во обид да се справи со корупцијата.

„Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам“, рече Диела во видео обраќање пред гласањето за новата влада.

Опозицијата го нарече потегот неуставен бидејќи ботот нема државјанство и може да биде злоупотребен.

„Овој мандат се заснова на криминал, корупција, дрога и кршење на Уставот и законот“, рече лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, исто така критикувајќи го недостатокот на дебата пред гласањето.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата