Акропол и археолошките локалитети во Атина и викендов затворени од 12 до 17 часот

26.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Акропол и археолошките локалитети во Атина и викендов затворени од 12 до 17 часот

 Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот, јави дописничката на МИА од Атина. 

Мерката првично беше воведена во вторникот, а од Министерството за култура на Грција и од Археолошката управа во Атина соопштија дека одлуката е продолжена и во текот на викендот, а е за заштита на вработените и посетителите од високите температури. 

Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.

Вчера, како што објави МИА, беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата