Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Казната на Хантер Бајден ќе му биде изречена на 13 ноември,осум дена по претседателските избори

3 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Казната на Бајден Јуниор ќе биде објавена осум дена по претседателските избори во САД.

Неговиот татко и актуелен американски претседател, Џо Бајден, во јули се повлече од изборната трка под притисок од јавноста и партиските колеги, по неубедливиот настап на претседателската дебата.

Насоките за казнување во сличните судски предмети се движат од 15 до 21 месец затвор. Но, правните експерти посочуваат дека на осудените во вакви случаи често им се изречени полесни казни, кои не мора задолжително да бидат затворски казни.

Судијата назначен од Трамп се закани дека ќе ги санкционира адвокатите на Хантер Бајден за давање лажни изјави.

Претседателот Бајден, откако неговиот син беше прогласен за виновен, изјави дека ја прифаќа судската пресуда и нема да го помилува.

За време на судењето, обвинителите укажаа на долгогодишната злоупотреба на алкохолот и кокаинот од страна на Хантер Бајден, што, како што тврдат, го оневозможувало да купува оружје.

Неговите адвокати, пак, се обидоа да укажат дека синот на американскиот претседател не користел дрога кога го добил пиштолот и дека не сака никого да измами. Тие наводи беа поткрепени со тврдењата дека Бајден Јуниор не бил корисник на дрога кога ја пополнил документацијата за купувањето оружје во 2018 година.

Хантер Бајден е обвинет и за три кривични дела и шест даночни прекршувања во Калифорнија. Според обвинението, тој не платил 1,4 милиона долари данок во периодот од 2016 до 2019 година, а истовремено трошел милиони долари на наркотици, деловна придружба, скапи возила и други предмети.

Тој се изјасни за невин за кривичните дела наведени во обвинителниот акт.

Судењето треба да започне на 5 септември во Лос Анџелес.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ