Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Полскиот судија Марчиниак ќе остане без финалето во ЛШ?

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Полскиот судија Шимон Марчиниак може да остане без финалето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер во Истанбул, наредниот викенд, откако се појави проблем во неговата држава Полска. Според информацијата на неколку медиуми, до УЕФА е стигната преставка во која се наведува дека Марчиниак учествувал на средба организирана од лидерот на екстремната десница на неговата земја, Славомир Менцен, познат по поддршката на хомофобични и антисемитски позиции.

УЕФА веднаш побарала појаснувања за ова прашање нагласувајќи ја одбивноста кон идеите што ги шири предметната политичка групација, а кои не ги одразуваат вредностите за кои се залага највисокото континентално фудбалско тело.

Конечната одлука за евентуална замена на Марчиниак треба да стигне утре.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ