На социјалната мрежа Телеграм е објавено видео од неговото фаќање и испрашување, при што бил физички малтретиран, пренесува „Дејлимејл“.
На видеото се гледа како Џенкинс е врзан и принуден да клекне пред руските војници кои го заробиле. Зборувајќи на мешавина од англиски и полуукраински, неговиот затворски чувар му удри шлаканица додека бараше одговори на прашањата поставени на руски.
„Од каде си?“ го праша војникот.
Не разбирајќи го, Џенкинс изгледаше збунето пред неговиот киднапер повторно да му удри шлаканица.
„Зборувај побрзо“, нареди рускиот војник.
Кога го прашале за неговата националност, Џенкинс одговорил: „Јас сум Австралиец“.
Облечен во униформа, со валкано лице, Џенкинс беше испрашуван зошто се наоѓа во Краматорск, речиси 700 километри источно од Киев. Рускиот војник побара да знае дали Украина му плаќа да се бори.
Според рускиот кривичен законик, заробените странски платеници можат да бидат осудени на затворска казна до 15 години. Австралискиот премиер Ентони Албанес веста за апсењето на австралиски државјанин ја нарече „вознемирувачка“.
🇦🇺 A biology teacher/student from Australia was captured by our soldiers in the SVO zone. 32-year old Oscar Jenkins fought on the side of the Armed Forces of Ukraine. He couldn't explain what and why he was doing there and what he wants.
— Zlatti71 (@Zlatti_71) December 22, 2024
- FRWL pic.twitter.com/uMREMRPeg7
„Нашата амбасада во Москва работи, а дополнително, Министерството за надворешни работи и трговија исто така работи на овој случај. Ние секогаш се грижиме за Австралијците. Работа на австралиската влада е да застане во одбрана на австралиските граѓани“, рече премиерот.
Кремљ, наводно, води речиси 600 кривични постапки против странски борци, главно државјани на САД, Грузија, Велика Британија, Канада, Литванија и Латвија. Се верува дека неколку десетици Австралијци се борат на украинскиот фронт против Русија, но федералната влада не можела да даде прецизни бројки.
"Моето име е Оскар Џенкинс, имам 32 години. Живеам во Австралија и Украина", изјавил Џенкинс.
Дипломирал во 2010 година, студирал биомедицински науки, а потоа заминал во Кина во 2015 година. Од 2017 година работел како предавач на Универзитетот Тијанџин. Не е јасно кога ја напуштил Кина и колку долго се бори со украинските сили на фронтот.
Снимката од сослушувањето на Оскар Џенкинс прв ја споделил Александар Сладков, руски пропагандист и воен дописник на ТВ каналите Русија 1 и Русија 24. Тој рече дека Австралиецот сега ќе биде изведен пред лицето на правдата и во затвор, додавајќи дека Русите активно бараат странски борци, потенцијално за размена со затвореници.
Тој рече дека украинските единици биле означени како цели доколку се слуша странски јазик во радио комуникацијата. На прашањето на неговиот иследник како е платен, Џенкинс рече дека му биле исплатени во украински гривни на сметка на ПриватБанк, најголемата банка во Украина.
Според веб-страницата за регрутирање на Украинската Легија на странци, месечната плата одговара на онаа на еден војник во редовните украински единици, од приближно 600 американски долари месечно за единиците кои не се на фронтот до 3.300 американски долари месечно додека се на борбена мисија.
Најмалку осум Австралијци загинале откако војниците на Владимир Путин ја започнаа инвазијата во февруари 2022 година, вклучувајќи ги Џоел Бенџамин Стремски, Брук Гринвуд и Метју Џепсон. Сепак, Џенкинс е првиот Австралиец за кого е познато дека бил заробен на фронтот.