Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Колумбија го прекина примирјето со кланот Дел Голфо – Нема да им дозволиме да продолжат да сеат страв и терор

20 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека го прекинал примирјето со кланот Дел Голфо, најголемата криминална организација во земјата, поради нападите врз полицијата.

„Им наредив на вооружените сили повторно да ги активираат сите војници за операции против кланот дел Голфо. Нема да им дозволиме да продолжат да сеат страв и терор. Нападот со пушки врз полицијата на кланот дел Голфо го прекршува договорот за прекин на огнот“, твитна Петро.

Прекинот на огнот со колумбискиот нарко картел беше дел од напорите да се стави крај на внатрешниот конфликт во Колумбија во кој загинаа најмалку 450.000 луѓе.

Петро рече дека криминалната група го прекршила прекинот на огнот и дека нема можност за преговори доколку продолжат со нападите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ