Дури и да не сте љубител на спанаќ, ова јадење сигурно ќе ве воодушеви!
Состојки:
1 кг спанаќ
2 супени лажици маслиново масло
шолја 2 dl ориз
1 мал кромид
една лажичка путер
сол, бибер, суви билни зачини
рендан пармезан
Спанаќот исчистете го и измијте го, а можете да го користите и замрзнат. Кромидот се сече на ситни коцки, па се динста во масло додека не стане стаклен.
Постепено додавајте го спанаќот, кога течноста ќе испари додадете го и оризот.
Зачинете со сол и бибер, потоа додадете малку сув зачин од тревки и потоа додадете малку топла вода.
Гответе на умерена температура, повремено мешајќи.
Кон крајот исклучете го шпоретот, додадете путер, поклопете и оставете да отстои малку. Во оваа фаза можете да додадете и пармезан.