Vreme.mk - Дознај на Време.

Некатегоризирано

„Фич“: Автопатите на „Бехтел и Енка“ СЕ РИЗИК ЗА БУЏЕТОТ ВО 2024 ГОДИНА

7 октомври 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Фич“ предупредува и на можни негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д, пишува Блумберг адриа на македонски јазик.

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед. Ова значи дека рејтингот на земјава се уште не е инвестициски.

Агенцијата во соопштението во кое детално ја оценува македонската економија напиша дека „стабилниот рејтинг е поддржан од кредибилните и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната поврзаност на девизниот курс со еврото“.

За оваа година „Фич“ проектира дека БДП ќе порасне до 1,9 отсто на годишно ниво. Забрзување до 3,5 се очекува за следната , а до 3,9 отсто во 2025 година. Овој раст ќе се должи, според „Фич“, на нето приливите од странските директни инвестиции.

„Фич“ прогнозра дека растот во следниот период ќе може да се потпре и на потрошувачката која ќе расте затоа што реалните плати се враќаат во позитивната зона. Потрошувачката особено ќе забрза, смета „Фич“, по интензивирањето на активностите на „Бехтел и Енка“ на автопатите, како и заради приватните инвестиции во енергетскиот сектор.

Проектот на „Бехтел и Енка“ ќе „јаде“ два отсто од буџетот во следните пет години

Освен позитивниот ефект, „Фич“ предупредува и на можните негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д.

Имено, тешко ќе биде остварлива владината цел за буџетски дефицит од 3,4 отсто од БДП во текот на 2024 година заради дополнителните трошоци. Агенцијата препорачува прилагодување на трошоците и нови мерки.

„Опсегот за дополнителни трошоци поврзани со изборите во 2024 година е ограничен со правилата од Законот за буџети, но „Фич“ гледа поголеми фискални ризици од потенцијалното прекумерно трошење на проектот за автопатите 8/10и (се очекува да чини околу два отсто од БДП годишно во текот на петте години на градба)“, се наведува во соопштението.

„Прогнозираме дефицит од 3,8 отсто во 2024 година и 3,5 отсто во 2025 година, бидејќи приходите растат во согласност со неодамнешните даночни реформи, зголемената наплата и посилен економски раст“, велат од „Фич“.

Во однос на инфлацијата „Фич“ соопшти дека од рекордните 19,8 отсто во октовмри лани, се намалила на едноцифрено ниво во август годинава.

„Бачината инфлација исто така се намалува, но побавно затоа што цените на храната и натаму се високи заради што Владата ги замрзна цените во септември. „Фич“ очекува инфлацијата и натаму да се намалува заради замрзнатите цени и затегнатата монетана политика на НБРМ, иако прераспределбата на средства во буџетот за зголемување на платите во јавниот сектор и покачените пензии ќе имаат влијание на цените“, стои во соопштението.

„Фич“ прогнозира дека инфлацијата ќе се врати на ниски едноцифрени нивоа во текот на 2024 година. Агенцијата претпоставува дека НБРМ се доближува до крајот на зголемувањето на каматните стапки.

Извор: Блумберг адриа

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ