Арсим Зеколи, поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, на својот твитер профил ја коментираше посетата на заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Ескобар вчера беше во посета на Македонија.
Во твитот кој го објави тој тврди дека Ескобар поддржува корумирани политчари во Македонија.
Пред едвај еден месец медиумите го обелоденија корупцискиот скандал на Соравија со А. Ахмети. Месец подоцна, оние кои држат предавања за ‘опасноста од корупција’ не можеа да се грижат помалку и да ни мавтаат во лице со средбата со Али. Ескобар е Ескобар, американската амбасада е засолниште на корумпираните политичари.“, напиша Зеколи.
