Војна пред суд на славните: Таа ги добива децата, парите и ранчот, а тој само милионскиот долг

3.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Војна пред суд на славните: Таа ги добива децата, парите и ранчот, а тој само милионскиот долг

Комесарот за труд во Калифорнија пресудил дека додека Блексток бил менаџер на неговата тогашна сопруга, ѝ наплаќал седумцифрени суми кога ја застапувал.

Според документите до кои дошле вчера американските медиуми, утврдено е дека Блексток ја преминал границата кога резервирал настапи и потпишувал договори за Кларксон на „The Voice“, „Norwegian Cruise Line“, „Wayfair“ и на „ Билборд музички награди“. Комесарот за труд наведува дека само агентите, а не менаџерите, можат законски да обезбедат улоги за таленти. Сепак, постојат некои исклучоци, објави Пејџ Сикс.

Менаџерот ѝ должи на добитничката на Греми вкупно 2.641.374 долари, но тоа е одлука што Блексток планира да ја обжали. Провизијата од улогата на Кларксон во „Гласот“ е 1,98 милиони, додека провизијата за „Билборд музичките награди“, каде пејачката беше водителка е 93,90 долари.

Битката за парите започна кога Кларксон сакаше нејзиниот поранешен сопруг да ѝ ги даде парите што ги заработи откако таа даде гол во нејзиното ток-шоу „Шоуто на Кели Кларксон“, но комесарот за труд тогаш одлучи дека менаџерот треба да ги задржи парите. Деловната разделба доведе и до раскинување во приватниот живот, па по речиси седум години брак, во 2020 година, пејачката побара развод.

Освен пари, тие се бореле и за старателството над нивната 9-годишна ќерка Ривер Роуз, 7-годишниот син Ремингтон „Реми“ Александар и заедничкиот ранч во Монтана. Разводот беше финализиран во март 2022 година, а резултатот беше дека пејачката го доби основното старателство над децата и ранчот.

Сепак, музичарката решила да се пресели во Њујорк, што, како што рече, ѝ помогнало да застане на нозе. „Мислам дека Ковид посочи многу работи“, објасни таа додека ги напушташе Лос Анџелес и Блексток. Пејачката со својот албум „Хемија“ им покажа на обожавателите дека ја става врската во втор план.

"Дали имам момче? Не! И не го барам. Знаеш зошто? Ми се допаѓа да сум сама", сподели таа на својот Инстаграм во септември. Таа додаде дека има две деца, две кучиња, три зајаци, хрчак, неколку работи ...

„Тешко е да се започне одново кога мислите дека ќе го поминете остатокот од животот со некого, а тоа нема да се случи“, заклучила таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата