Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

ТЕСТ НА ПОТСВЕСТА: Она што прво ќе го видите открива дали сте под стрес или ви треба промена

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Колку пати ви се случило во слободен ден да се обидете да се опуштите, но вашиот мозок постојано се враќа на обврските кои ве очекуваат и не можете да престанете да размислувате што треба да направите утре?

Во модерниот и зафатен свет полн со обврски и очекувања, повеќето луѓе се под стрес, а на многу луѓе им е потребен одмор. Меѓутоа, понекогаш луѓето мислат дека се под стрес, а всушност им треба само некаква промена.

За да дознаете дали сте под стрес или имате потреба од промена, добро погледнете ја илустрацијата што ви ја подготвивме денес.

Илустрацијата ја нацртал уметникот Октавио Окампо, а според него постојат две работи кои можете да ги видите на сликата – девојка или цвеќиња.

Ако прво ја видовте девојката, во последно време не сте задоволни од животот, се чувствувате уморни и има одредени ситуации кои ве прават раздразливи. Затоа размислувате да направите промена, а можеби и треба, бидејќи дефинитивно ќе се чувствувате подобро.

Направете што било. Промена на бојата на косата, уплатете патување, сменете го мебелот. Секоја промена ќе ве задоволи.

Ако прво видовте цвеќиња, вие сте личност која е под стрес и итно ви треба пауза.

Работите многу, луѓето ве сметаат за успешни и способни и понекогаш премногу се потпираат на вас. Сакате да им помагате на сите, но сте под стрес бидејќи не успевате да завршите некои од вашите обврски.

Обидете се да се ставите себеси на прво место и да ги поставите вашите обврски приоритет.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ