Словачката Луција Јаворчекова, шампионка во велосипедизам и една од најпопуларните спортистки во својата земја, пред неколку години реши да се „префрли“ на манекенството.
Така почнаа вестите пред три години – вест која шокираше многумина и вознемири колку всушност се мали приходите во женскиот спорт.
Токму затоа оваа убавица реши патеката да ја замени со писта, а педалите со штикли. Луција Јаворчекова денес заработува од манекенството, а со следбениците на Инстаграм споделува атрактивни фотографии.
Таа неодамна објави две фотографии во црна предимензионирана јакна, а нејзиното убаво лице со минимална количина на шминка го привлече вниманието на јавноста. Природна убавина која ретко се гледа – вака би ја опишале поранешната атлетичарка Луција.