Vreme.mk - Дознај на Време.

Бизнис

Светот се менува, ПРИСТИГА ДИГИТАЛНО ЕВРО, еве кога МОЖЕ ДА ГО ОЧЕКУВАМЕ

25 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Дигиталното евро би можело да биде достапно за три до четири години, објави денеска Фабио Панета, член на извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во интервјуто објавено денеска, Панета рече дека Европската комисија (ЕК) во јуни ќе предложи регулаторна рамка за дигиталното евро, а во октомври ќе биде донесена одлука за почеток на подготвителната фаза во која ќе се развива оваа дигитална валута.

Подготвителната фаза може да трае две или три години, а дигиталното евро ќе биде достапно за три до четири години, рече тој.

Европејците ќе можат да плаќаат со дигиталното евро онлајн или во продавници, да испраќаат блиски луѓе одредена сума во европската дигитална валута или на овој начин да плаќаат даноци, додаде Панета.

Износот на дигитално евро на сметката ќе биде ограничен, бидејќи ЕЦБ не сака европската дигитална валута да се користи за инвестиции или заштеди.

„Спомнавме граница од 3.000 евра. Оваа сума е блиску до просечната бруто плата во еврозоната и нема да ја загрози финансиската стабилност“, рече Панета.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ