Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

ЗЕЛ ПЕЧУРКИ И ГИ НАПРАВИЛ „AI“ фотографиите со папата Франциск – Се огласи АВТОРОТ

28 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Откако фотографиите од папата Франциск, облечен во голема, бела зимска јакна, го обиколија светот, иако се лажни се огласи и авторот на фотографијата изработена е со помош на алатката за вештачката интелигенција „Midjourney“, пренесува „BuzzFeed“.

Пабло Хавиер, 31-годишен градежен работник од околината на Чикаго, признал дека идејата му дошла на памет откако консумирал печурки.

Многумина се изненадиле од фактот дека фотографиите од „модерниот“ папа се лажни. Минатата недела се проширија и фотографии од апсењето на Доналд Трамп, кои исто така беа направени со помош на вештачката интелигенција.

„Се обидувам да креирам некои смешни фотографии, малку психоделични. Земав печурки и тогаш ми текна – папата Франциск во Баленсиага бунда како оди по улиците на Рим“, вели Пабло.

Пабло почнал да се занимава со „AI“ уметност откако во ноември минатата година починал неговиот брат и се обидувал да пронајде утеха.

Фотографиите од папата ги објавил во групата „AI Art Universe“ на „Facebook“ и на „Reddit“. Се шокирал откако набрзо станале вирални, вели дека не очекувал такво нешто.

Пабло вели дека пораснал во религиозно семејство, но дека повеќе не е верник. Истакнува дека не сакал да го исмее папата, туку само сакал да направи смешна фотографија.

„Мислев дека ќе биде многу смешно да се види папата во таква јакна“, вели Пабло.

Многумина помислиле дека станува збор за вистински фотографии и почнале да го критикуваат претераното трошење пари од Ватикан, а Пабло вели дека луѓето би требало добро да размислат за работите кои ќе ги видат на интернет и дека вештачката интелигенција треба да се регулира со закон.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ