Вулканот Семеру во Индонезија исфрли пепел на височина од 5,7 километри

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вулканот Семеру во Индонезија исфрли пепел на височина од 5,7 километри

Според достапните податоци, облакот од вулканска пепел се издигнал до 2.000 метри над кратерот, односно до 5.676 метри надморска височина, и се движи во источен и југоисточен правец.

Локалните власти ги повикаа жителите да бидат внимателни и да не се приближуваат до кратерот во радиус од пет километри, поради опасност од исфрлање на жешки камења и вулкански материјал.

Семеру е четвртиот највисок вулкан во Индонезија, со височина од 3.676 метри над морското ниво, и воедно највисокиот врв на островот Јава.

Индонезија, најголемиот архипелаг во светот со околу 18.000 острови, се наоѓа во таканаречениот Тихоокеански Огнен прстен, поради што регионот е подложен на силна сеизмичка и вулканска активност. Во земјата има повеќе од 500 вулкани, од кои околу 130 се активни. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата