Врвот Монблан „пораснал“ за два метра во последните три години, сега е утврдено што се случило

14.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Врвот Монблан „пораснал“ за два метра во последните три години, сега е утврдено што се случило

Претседателот на комората на геодетски експерти на Горна Савоја, Жан де Гар, рече дека варијациите во висината на планината првенствено се поврзани со временските услови.

„Врвот е во постојано движење. Секое поединечно мерење само по себе нема големо значење во контекст на глобалното затоплување, но служи за да се обезбедат податоци што ќе се анализираат со текот на времето“, рече Жан де Гар.

Геодетските експерти од Горна Савоја почнаа да мерат во 2001 година, а врвот, кој се наоѓа на француско-италијанската граница, во тоа време бил висок 4.810,40 метри.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата