Водачите на ЕКОВАС признаваат неуспех во воспоставувањето демократија во Западна Африка

10.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Водачите на ЕКОВАС признаваат неуспех во воспоставувањето демократија во Западна Африка

ЕКОВАС неуспешно се обиде да ја врати политичката стабилност низ Западна и Централна Африка, каде што се случија осум државни удари од 2020 година.

Регионалниот блок воведе санкции за новите власти, но наместо да ги одврати војниците кои ја презедоа власта во Нигер и на други места, се чини дека санкциите ги охрабрија, велат аналитичарите, пренесе Бета.

-Блокот ќе продолжи да се „спротивставува на неуставните промени на моќта“ и покрај неуспесите, рече нигерискиот претседател Бола Тинубу, кој беше избран за лидер на блокот оваа година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата