Неколку часа откако исчезнала, властите го нашле девојчето како спие, користејќи го помалото од двете кучиња како перница, според ABC News.
„Таа легнала и го користела едното од кучињата како перница, а другото легнало веднаш до неа и ја чувало“, изјави поручникот Марк Џанунцио. „Тоа е навистина извонредна приказна.“
Девојчето – идентификувано од локалните медиуми како Теа Чејс – прво било пријавено за исчезнато во Ферторн во средата околу 20 часот.
„Кога сфатив дека ја нема, му реков на нејзиниот вујко: „Каде е таа?“, рекла мајката на детето, Брук Чејс. „Го пребаравме целиот двор, горе-долу по патиштата, врескајќи го нејзиното име, викајќи ги кучињата затоа што и нив ги немаше“, додаде таа.
„Ја баравме насекаде наоколу“, продолжи таа. „Целосно е пошумено – овде има длабока, густа шума. Таму има мочуриште, па се разбира дека се преплашивме. И по петнаесетина минути потрага по неа со нашите пријатели и семејството, повикав полиција.“
Мајката рече дека властите користеле дронови и кучиња за да ја бараат нејзината ќерка.
„Бев во таков шок бидејќи таа буквално исчезна, во дел од секундата“, додаде таа.
Според “Detroit Free Press”, потрагата по детето во шумата била помогната од војници кои користеле дронови и кучиња спасувачи, како и локалната полиција и граѓани од Мичиген и блискиот Висконсин.
Околу полноќ ја пронашле мештани кои управувале теренско возило на околу пет километри од куќата. Девојчето било испитано од медицински персонал и констатирале дека е здрава, пишува Пипл.