Во Кочани хуманитарен настап на балетската група „Ballet Magnificat“ од САД

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Кочани хуманитарен настап на балетската група „Ballet Magnificat“ од САД

Балетската претстава што  ќе биде одиграна на  сцената во ЦК „Бели мугри“, претставува приказна базирана на книгата  „Писмата на душевадникот“ од Карл Луис.

„Ballet Magnificat“  го сочинуваат 15 членови. Директор на групата е Џереми Браун.

-Постоиме од 1986  година, досега имаме настапуваново во 45 држави. Во Македонија сме по четврти пат.  Во Кочани доаѓаме за прв пат, изјави за МИА директорот на балетската група од Џексон, Џереми Браун.

Тој, во краткиот разговор што го водевме, нагласи дека се овде за да дадат свој придонес во сеопштите активности за помош и подршка  на Кочани и настраданите во нивното заздравување.

За оваа балетска претстава на „Ballet Magnificat“ од САД е поставена посебна подлога на сцената во кочанската Национална установа ЦК „Бели мугри“. Претставата започнува во 19 часот.

„Ballet Magnificat“ во нашата држава ги води Здружението на граѓани „Сакај го  Кочани“. Балетската група од САД кај нас месецов имаше два настапи со хуманитарен предзнак - на 17 април во МКЦ во Скопје  и на 20 – ти во ЦК „Ацо Шопов“ во Штип.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата