Државниот завод за статистика денеска соопшти дека зголемувањето се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.
Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион - 178.953 тони или 28 проценти од вкупното собрано количество. Од вкупното количество собран комунален отпад, 537.341 тони или 84 проценти се собрани од домаќинствата, а преостанатите 16 проценти од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е мешаниот комунален отпад - 553.126 тони или 86,5 проценти, а најмало количество има отпадот од гума - 1.106 тони или 0,2 проценти од вкупното количество. Собрани се и 34.757 тони органски отпад, 15.500 тони отпад од пластика, 10.217 тони отпад од хартија и 1.879 тони отпад од метал.
Вкупното количество создаден комунален отпад во 2025 година изнесува 755.789 тони. Годишното количество создаден комунален отпад на жител во 2025 година изнесува 417 килограми, што е за 4,8 проценти помалку од истото количество во 2024 година.
Најголемото количество собран комунален отпад, 99,8 проценти, се исфрла на депонија.

